Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СМЕЕ НАРОДОТ ДА ПЛАЌА 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЗА НОТАРСКАТА НАГРАДА – министерот Филков ќе бара повлекување на одлуката од неговиот претходник
Економија

НЕ СМЕЕ НАРОДОТ ДА ПЛАЌА 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЗА НОТАРСКАТА НАГРАДА – министерот Филков ќе бара повлекување на одлуката од неговиот претходник

31/07/2024

AA

Министерот за правда Игор Филков, соопшти дека иницирал повлекување на зголемувањето на нотарската награда. Тој посочи дека ваквата одлука била донесена од неговиот претходник на заминување, Кренар Лога, пред тој да ја напушти функцијата..

„Поранешниот министер донесе одлука која треба да стапи на сила на 1 септември, со која се овозможува зголемување на цените на нотарските услуги за десет пати. Сметам дека не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе, кое е донесено без широка дебата и не ја гледам смислата на истото. Ќе го слушнеме и мислењето на нотарите. Одлуката била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите, за ова никој не ја информирал јавноста, односно процесот бил скриен“ , вели Филков

На денешната прес-конференција министерот рече дека по негова иницијатива бара да се повлече одлуката за зголемувањето на нотарската награда.

„Во првите 2-3 недели, една од темите, која ја дознав од вас, беше нотарската тарифа, односно одлуката која мојот претходник ја имаше потпишано на негово заминување. Иницирав постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа која ја донесе претходната Влада“, рече новиот министер.

Тој личноп смета дека не смее народот да плаќа 10 пати повеќе. 

„Не ја гледам смислата. Исто така, ќе разговараме и со нотарите, сакаме да го слушнеме и нивното мислење. Како што сум информиран, оваа одлука за енормното зголемување била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите. Притоа никој не ја информирал јавноста за ова, односно процесот бил скриен“, нагласи Филков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy