Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СЛУШАЈТЕ ИНФЛУЕНСЕРИ: Надлежните предупредуваат за слабеењето со лек за дијабетес – има несакани ефекти, а се појавија и ФАЛСИФИКАТИ!
Македонија

НЕ СЛУШАЈТЕ ИНФЛУЕНСЕРИ: Надлежните предупредуваат за слабеењето со лек за дијабетес – има несакани ефекти, а се појавија и ФАЛСИФИКАТИ!

24/07/2023

AA

МАЛМЕД денеска преку соопштение апелира за внимателно користење на лековите и истите да бидат само по препорака на лекар.

„Употребата на лекови по препораки на социјалните мрежи и влијанието на познати личности (инфлуенсери) им се наметнува на граѓаните и е се почесто присутно, особено кај младата популација.

Периодов е актуелна злоупотребата на лекот Оземпик, кој е регистриран во РСМ и е индициран за третман на возрасни со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2 како надополнување на исхраната и физичката активност. Употребата на овој лек е холивудски тренд и се набавува како средство за слабеење.

Агенција за лекови и медицински средства сака да апелира дека лекот Оземпик е регистриран исклучиво за третман на возрасни пациенти со дијабет тип II, кој се издава само на лекарски рецепт.

Примената на лекот за слабеење е надвор од одобреното индикационо подрачје, таканаречена “off-label” употреба за која лично е одговорен лекарот кој го пропишува и за истото треба да го извести МАЛМЕД.

Како и за секој друг лек, и за лекоит Оземпикот постојат контраиндикации, односно состојби во кои лекот не смее да се применува, а евидентирани се и несакани реакции (намалување на нивото на шеќер во крвта, повраќање, пролив, болки во стомакот, запек, мачнина, пореметување на метаболизмот и други) кои здравствениот работник треба да му ги укаже на пациентот и да му дадее совет како да се справи со нив.

До Агенција за лекови и медицински средства е пристигната и пријава од страна на носителот на одобрение за ставање на лек во промет за лекот Оземпик за фалсификуван лек на територијата на нашата држава.

Агенција за лекови и медицински средства сака да Ви укаже на можноста за појава на фалсификат на пазарот и потребата од поголема претпазливост при набавката на лекот.

Фармацевтските инспектори согласно дадените информации во пријавата спроведува вонреден инспекциски надзор во аптеките.

Сакаме да потенцираме и да укажеме на важноста за купување на лекови од овластени, соодветни извори за набавка (овластени правни лица кои имаат одобрение за промет на мало со лекови издадено од Агенција за лекови и медицински средства), а се со цел користење на лекови со потврден квалитет и безбедност кои се одобрени со Закон“, велат од МАЛМЕД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во

29/06/2026
Македонија

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во

29/06/2026
Македонија

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува

29/06/2026
Македонија

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови

29/06/2026
Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови

29/06/2026
Македонија

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов – Мане Левис

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Владо Јаневски остави неизбришлива трага во македонската

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура се прости од Сашо Миленковски: Македонија загуби

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44020
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во Бутел

29/06/2026

Семејството на Владо Јаневски ги објави деталите за последното испраќање на починатиот, а информацијата до јавноста ја пренесе Авалон продукција,

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во двор од куќа

29/06/2026

На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува неискористен ресурс

29/06/2026

Критичните минерали стануваат стратешки ресурс за економскиот развој, оценува Телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD). Во анализата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy