
Не се крши законот со тоа што се предлага Џафери за технички премиер, вели Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска по новинарско прашање за тоа дали со предлогот на Талат Џафери за технички премиер се крши законот, истакна дека не е прекршен никаков закон.
Тој вели дека постапуваат според она што е предвидено со закон.
„Прво, не се крши законот, затоа што и денес и претходната влада е коалициска влада и ако го погледнете мандатот којшто го доделува претседателот на државата тој го доделува на коалиција која што има 61 најмалку пратеник во Собранието. Така се доделува мандатот, на оние кои што имаат 61 пратеник. И така се доделуваат мандатите, така што со тоа ништо не се крши. Се што е предвидено е предвидено во законот. Со закон нема импровизација. Претходното прашање беше владеење на право и почитување на закон. Не може едни закони да бараме да се почитуваат, а други закони да видиме што да правиме ако не се почитуваат. Законите постојат за да се почитуваат“, рече Ковачевски.

