
„Не потпишал ниту една лиценца, тоа беше факсимил“ Бектеши не бил во државата кога се издавале дозволите за „Пулс“, тврди одбраната
„Издадените лиценци во периодот од 2018 до 2022 година се издадени со факсимил на Крешник Бектеши. Ова значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од него. Најмалку за една од овие лиценци ќе докажеме дека е издадена на датум кога тој не се наоѓа во Република Македонија.“
Со ова тврдење, адвокатот Еленко Миланов, бранител на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, се обиде да го дистанцира својот клиент од документите што овозможиле работа на дискотеката „Пулс“.
Одбраната тврди дека во Министерството постоеле овластени лица кои го користеле факсимилот (печатот со потпис) согласно закон, и дека министерот не ги проверувал тие документи лично. „Крешник Бектеши стои во ова како дел од каузалитет, но без конкретни дејствија,“ истакна Миланов.
Адвокатот правно ја оспори и тезата дека објектот не смеел да работи. „Законот е дециден – угостителска дејност може да се врши во деловни објекти. Единственото ограничување за кабаре или дискотека е тоа да не биде во станбен објект. Овој објект не е станбен,“ рече Миланов.
Тој ја префрли топката кај Државниот пазарен инспекторат (ДПИ): „Министерството за економија нема ниту инспекциска служба, ниту овластување за надзор. ДПИ е тој што проверува дали се исполнети минимално-техничките услови.“
(Според Обвинителниот акт КО бр. 180/2025)
Крешник Бектеши (40), министер за економија во периодот од 26.02.2018 до 11.02.2022 година, се товари за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.
Обвинителството го товари за следново:
