Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ МЕНУВАМЕ УСТАВ БЕЗ ЕВРОПСКИ ГАРАНЦИИ Мицкоски вели дека секоја отстапка досега водела до нови условувања
Македонија

НЕ МЕНУВАМЕ УСТАВ БЕЗ ЕВРОПСКИ ГАРАНЦИИ Мицкоски вели дека секоја отстапка досега водела до нови условувања

05/12/2025

AA

Секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и заради тоа се потребни гаранции од ЕУ, смета премиерот Христијан Мицкоски. Барањата за гаранции од ЕУ, според него, се логични и произлегуваат од искуствата од минатото, а Владата нема да прифати процес кој ќе отвори простор за нови условувања.

Премиерот на денешниот брифинг со новинарите истакна дека поучени од институционалната меморија од минатото дека секоја отстапка создава простор за нови услови, логични се овие барања од македонски страна.

– Уставните измени се само почеток. И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов. Едно е политика, а друго е национален интерес. Прашањето е дали ќе продолжиме по овој пат да бидеме наивни дека ако правиме отстапки, тоа е начинот. Јас не мислам дека тој пат е добар. Овој пат по кој оди оваа Влада е тежок, но не е срамен, истакна премиерот.

Во врска со иницијативата од Брисел и од земји од ЕУ за состаноци на кои требало да се разговара за оваа состојба и сите да си ги кажат аргументите, Мицкоски вели дека до овој момент, ниту тие кои тоа го организирале, ниту македонската страна не знаат дали бугарската страна е подготвена и сака да разговара.

– Дали разговорите ќе бидат билатерални директно со Софија или преку Брисел зависи од Бугарија. Тука треба да направиме разлика. Прво ако разговараме и ако ова не е билатерално, туку европско прашање, логично е да раговараме во Брисел. Тука бугарската страна вели, ние може самите да го решме ова бидејќи е билатерално прашање. Тогаш тоа е билатерализација. Нека расчистат со себе дали е билатерално, ако е билатерално ние сме подготвени со нив да разговараме, било каде, кај нив, каде сакаат, да знаеме дека е билатерлно. Ако е наше и европско, со Брисел, тогаш таму треба да разговараме. Еве ние им велиме одлучете вие – рече Мицкоски на средбата со новинарите.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy