Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС, КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ТЕЖАТ 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – еве кои се главните „капиталци“ на берзата
Економија

НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС, КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ТЕЖАТ 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – еве кои се главните „капиталци“ на берзата

12/02/2024

AA

Расте вредноста на македонските компании што котираат на Берзата. Вкупната
пазарна капитализација на котираните друштва се зголемила за 5,16 отсто во
јануари во однос на претходниот месец.

Или, според пресметките на Берзата, вкупната пазарна капитализација на
компаниите што котираат на пазарот на капитал тежи безмалку 4 милијарди евра, односно
прецизно 3,955 милијарди евра.

Македонскиот бизнис, сепак, и не е толку за потценување доколку се има
предвид оваа бројка, која, пак, покажува колку пари би се зеле доколку во еден
момент се продадат сите акции на една компанија, или, во конкретниов случај, на
сите македонски компании.

Сепак, од овие четири милијарди евра, најголемиот дел се должи на неколку
компании, кои ја имаат највисоката пазарна капитализација.

Акциите на Македонски Телеком, доколку сите се продадат во исти ден, за нив
ќе се земе сума од над 623 милиони евра. Со тоа Телеком останува компанија со
највисока пазарна капитализација на македонскиот пазар на капитал.

Следува Комерцијална банка, акционерско друштво чија акција во јануари беше
меѓу петте акции со највисок пораст на цената, и беше убедливо најтргувана
акција на берзата во првиот месец од годинава. Комерцијална банка по својата
пазарна капитализација се доближува до 600 милиони евра или прецизно 589
милиони евра.

Трета по висона според пазарната капитализација е НЛБ Банка, па доколку
нејзините акции се продадат во исти ден, за оваа банка некој вкупно би требало
да плати 455 милиони евра, или близу половина милијарди евра. Акцијата на оваа
банка е исто така една од најтргуваните и најбрзо растечките на пазарот на
капитал.

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ според пазарната капитализација исто така
се доближува до половина милијарда евра или прецизно на крајот на јануари
годинава, за кога е изработен последниот берзански билтен, акциите на
„Алкалоид“ во еден исти ден би се продале за 450 милиони евра. Акцијата на
„Алкалоид“ е една од најтргуваните и најатрактивните акции за инвеститорската
јавност во земјава.

Со пазарна капитализација од близу 400 милиони евра или прецизно 393
милиони евра е и уште една банка, односно Стопанска банка Скопје, чија акција исто
така е постојано меѓу главнитѕе носители на прометот.

Нафтената компанија „Макпетрол“ има пазарна капитализација од 118 милиони
евра, „Гранит“ има 58 милиони, и уште една банка, УНИ Банка, на крајот на
јануари имала пазарна капитализација од 56 милиони евра. Македонија турист
имала пазарна капитализација од над 37, а Макстил од над 32 милиони евра.

Или, овие 10 акционерски друштва имаат вкупна пазарна капитализација од 2,81
милијарди евра, значи многу повеќе од половината од сите околу стотина котирани
акционерски друштва.

Сите други компании заедно имаат пазарна капитализација од 1,03 милијарди
евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
Македонија

СО СТУДЕНТСКИ ОБРОК ДО ПОПУСТИ ВО МАРКЕТИТЕ Владата предлага дополнителни

09/11/2026
Македонија

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46672
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО „ИДРИЗОВО“ Полицијата приведе 65-годишна скопјанка

09/11/2026

Шеесет и петгодишна скопјанка била лишена од слобода откако во пакетот што му го донела на синот, кој издржува затворска

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе ѝ се суди во отсуство

09/11/2026

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка што се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy