
НЕ ГАЗЕШЕ И ПУКАШЕ БЕЗ ПРЕСТАН: Исповед на момче кое го преживеа масакрот во Врачар
Момче кое го преживеа масакрот што ја зави Србија во црно, истакна дека се сѐ случило брзо, а ги раскажа и деталите од крвавиот масакр на малолетниот Коста К.
– Беше страшно… Не знам зошто ни го направи тоа Коста, не бевме ни пријатели. Не го допревме, постојано ни беше лут. Многу ми е жал за моите пријатели… – вака ја започнува својата приказна ранетото момче.
По успешното оперирање на прострелните рани, еден од ранетите ученици (име и презиме познати на редакцијата), кој за влакно ја избегна смртта, на лекарите од Ургентниот центар им ги кажал деталите за крвавиот масакр.
– Сè се случи брзо. Сите бевме во училница кога втрча Коста! Прво ја рани наставничката. Сите почнавме да врескаме, да паѓаме, да се криеме под клупите, а наставничката легна врз нас за да нѐ заштити. Потоа ја застрела неколку пати. Се сеќавам дека уште двајца скокнаа од прозорецот, а некои дури се преправаа дека се мртви. Сите бевме на подот. Потоа почна да нѐ гази и не престана да пука. Не бевме толку блиски пријатели, тој имаше свое друштво. Не знам ни каде сум на неговиот список – изјави едно од шесте ранети деца.
Да потсетиме, седмоодделенецот Коста К.(13) во средата наутро во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум деца и училишен чувар. Во овој страшен напад, тој сериозно рани неколку негови врсници, како и наставник по историја.
