Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зградата на „Бетон“ на банкарски оглас за 5 милиони евра
Економија

Зградата на „Бетон“ на банкарски оглас за 5 милиони евра

08/05/2023

AA

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант „Бетон“ се продава за 5 милиони евра во банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка. Деловниот објект што се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија е изграден во 2012, а НЛБ Банка го проценува на  4.952.967 евра.

„Во рамки на недвижноста се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација, со моментална вредност од 318.963 евра“, пишува во огласот на банката.

Компанијата лани, кога се уште беше сопственик на деловно административната зграда, на вонредно акционерско собрание, во една од точките предложи продажба на овој недвижен имот. Во план беше откако ќе се усвои предлогот, да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач.

Откако пред нешто повеќе од една недела судот го прифати барањето за отворање стечај, Берзата соопшти дека акциите на таа компанија нема веќе да котираат, а како причина е наведена токму стечајната постапка. Практично, податоци за Бетон веќе не можат да се најдат на Берзата, и таа компанија веќе не фигурира како издавач на акции на пазарот на капитал.

Фактор веќе објави дека на судкото рочиште што се одржа кон крајот на минатиот месец, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај врз Бетон, поради неисплатените повеќе од осум плати, како и два регреси за годишен одмор. Оваа информација ја соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија. 

Инаку, градежната компанија, лани преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

Во моментов не е познато дали има и други банкарски огласи за преостанатиот имот на „Бетон“, како што тоа би било неговата механизација, или пак за имотот на неговите фирми-ќерки.

А,К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy