Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕ Е ТАЈНА ДЕКА СЕЗОНАТА ВО ЦРНА ГОРА ПРОПАЃА“ Црногорски угостител ја раскажа сопствената приказна: Не е нормално, но мило ми е што ви се враќа
Регион

„НЕ Е ТАЈНА ДЕКА СЕЗОНАТА ВО ЦРНА ГОРА ПРОПАЃА“ Црногорски угостител ја раскажа сопствената приказна: Не е нормално, но мило ми е што ви се враќа

04/08/2024

AA

Црногорски угостител реши да си ја отвори душата и да каже што мисли за актуелната сезона во Црна Гора. Во видеото кое го објави тој беше брутално искрен за тоа колку сè станало скапо.

„Веќе не е тајна дека летната сезона во Црна Гора е готова. Како некој што е роден овде, живее и работи во туризмот, издавајќи станови во приватниот сектор, единствено што можам да кажам е дека сум исклучително среќен за тоа – зошто?“, започна тој во видеото што го објави на „niko_mar_10“ профилот на TikTok.

Потоа ги наведе причините:

„Затоа што ги окупиравте сите плажи и им ставивте огромни давачки. Човек веќе не може да оди на плажа и да се бања пристојно, туку мора да потроши вистинско мало богатство.

Не е нормално становите во приватниот сектор да чинат од 30 до 60 евра за двајца, а исто толку да потрошите за две лежалки и чадор на плажа за само неколку часа.

Не е нормално еден хамбургер да чини меѓу 4 и 6 евра, не е нормално парче пица да чини исто. Не е нормално 10 ќебапи со помфрит да чинат од 10 до 12 евра, не е нормално парче пржено пилешко на некое зелено пире да чини од 15 до 20 евра.

Не е нормално кафето да чини меѓу 2 и 4 евра, а шишето вода 0,25 исто толку.

Не е нормално да правиш толку многу, и многу ми е мило што сето тоа ти се враќа. Единствено за што жалам е овој обичен народ на кој му ја одземавте душата и правото да ужива во нашето прекрасно море. Се што сакам од тебе е тоа… Ќе молчам“, заврши тој.

Ова видео беше проследено со низа коментари за поддршка, а многумина му честитаа за искреноста.

„Проблемот на туризмот во Црна Гора е што ги преценува своите можности. Не е проблем да платиш за нешто, проблем е повеќе што услугата не постои“, „Нема да одам таму дури и да ми понудат бесплатно “, „Благодарам за искреноста“, се дел од коментарите.

Неговиот коментар може да го погледнете тука

Курир,рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy