Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Србија долго се мачеше, но го победи Јужен Судан
Спорт

Србија долго се мачеше, но го победи Јужен Судан

03/08/2024

AA

Репрезентацијата на Србија не дозволи изненадување и со победа ја заврши групната фаза од олимпискиот кошаркарски турнир.

Во последното коло, „орлите“ го совладаа Јужен Судан со 96-85 и покрај тоа што долго време се мачеа против дебитантот на најголемата светска спортска манифестација. Србија доминираше во најголемиот дел од мечот и беше во водство, но африканската селекција не се предаде во ниеден момент и на секоја серија на противникот, одговараше со иста таква.

Сепак, во финишот до израз дојде искуството на српските кошаркари, како и подолгата клупа на селекцијата на Светислав Пешиќ. Суданците немаа одговор за Богдановиќ и Јокиќ, а во клучните моменти се разиграа уште Јовиќ, Мициќ и Петрушев и на крајот победата беше дури и убедлива.

Богдановиќ овојпат беше најефикасен кај Србите со 30 поени на кои додаде 8 асистенции, додека Јокиќ оствари дабл дабл со 22 поена и 13 скока. Кај Јужен Судан, Џонс и Шејок постигнаа по 17 поени.

Со оваа победа, Србија ѝ помогна и на Грција да се пласира во четвртфиналето, а актуелниот светски вицешампион во следната фаза ќе се сретне со Австралија. Јужен Судан не успеа да се избори за пораз до два поена разлика и го заврши својот настап на Олимписките игри како најслаба третопласирана репрезентација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44943
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал на медицински персонал во Карпош

10/08/2026

Вработен во Итната медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицински персонал во здравствена установа

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026

Конечно се намалуваат цените на горивата – РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy