Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не е синот на Ѓорѓе Иванов, ама има коцкарски бизнис како директор на МЕПСО
Економија

Не е синот на Ѓорѓе Иванов, ама има коцкарски бизнис како директор на МЕПСО

11/09/2024

AA

Иван Иванов од Кочани е едно од имињата кои летово станаа нови членови на Управниот одбор на МЕПСО, а во меѓувреме откако стана јасно дека ќе биде еден од директорите на националниот оператор за пренос на електрична енергија, повеќе не е сопственик на фирма со удел во коцкарски бизнис со почетен капитал од 2,7 милиони евра.

Од овој месец Иванов повеќе не е сопственик на кочанската фирма Ривер Гем. Сопствеништвото му го преотстапил на извесен Горанчо Димитров од Истибања. Според дејноста на фирмата, друштвото се занимава со „изнајмување и давање под закуп (лизинг) на останати машини, опрема и материјални добра, неспомнати на друго место“.

Истата фирма Ривер Гем, додека Иванов бил сопственик, заедно со Амбасадор Тим Делчево со основна главнина од 2,7 милиони евра пред една година ја основале „Амбасадор Шери Гостивар“, со дејност коцкање и игри на среќа. Во истиот момент е регистрирана подружница „Амбасадор“ во Градскиот трговски центар – Скопје. Оваа фирма во моментов не е запишана како имател на лиценца за приредување игри на среќа во регистарот на Министерството за финансии.

Интересно е тоа што во 2022 е основана фирма со слично име „Амбасадор Шери Делчево“, но со додавка во името – „во ликвидација“. Дејноста е идентична, а исто и основната главнина од 2,7 милиони евра.

Актуелната власт го претставува Иванов како поранешен пратеник во Собранието и доскорешен директор на Водовод Кочани, како и вработен во Телеком, а по професија машински инженер.  Во моментов не е познато на кој сектор во МЕПСО тој ќе биде директор.

Опозицискиот СДСМ при неговото именување за нов член на МЕПСО го помеша неговото име со синот на поранешниот претседател на земјата Ѓорѓе Иванов. Набрзо стигна и демант од Иван Иванов, синот на некогашниот шеф на државата.

Од јули за нов генерален директор во МЕПСО е назначен Бурим Љатифи, а за заменик-директор е поставен Александар Пауноски. Останати членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска и Мартин Малиновски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy