Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА „Маршот на ангелите“ за прв пат се одржа во Штип
Македонија

НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА „Маршот на ангелите“ за прв пат се одржа во Штип

18/04/2026

AA

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 41-от „Марш на ангелите“, за прв пат во Штип.

Семејствата и блиските на жртвите поминаа пред зградата на Судот и Јавното обвинителство, а пред објектот на штипската полиција прашаа зошто планот за акциска контрола во „Пулс“ не бил потпишан и одобрен навремено и зошто не биле преземени мерки што можеле да спречат трагедијата.

Кој дозволил да се чека, кој премолчел и кој не постапил, прашаа родителите.

Александар Наунов татко на загинатата Надица Наунов порача дека семејства бараат одговорност за секое непостапување, за секое одолговлекување и за секој молк.

– Требаше ли да изгубиме 63 деца, браќа, сестри, сопрузи, родители и пријатели за некој да сфати дека пропустите убиваат? Многу работи допрва ќе излезат на виделина, но за жал, предоцна – рече Наунов.

Поворката помина и покрај зградата на регионалната подружница на УЈП во Штип, каде рекоа дека немаат одговори до каде е постапката за даночните инспектори.

– Поминаа месеци откога беа најавени кривични пријави против службени лица од УЈП. Оттогаш молк. За нас секој ден без одговор е нова болка. Не зборуваме за предмет на хартија, туку за 63 изгубени животи. Денес сме пред УЈП да прашаме јасно, до каде е постапката и кога ќе започне судењето?  Не бараме изговори и одложувања, бараме одговори, бараме правда – рече Наталија Таневска, мајка на починатиот Дамјан Таневски.

Од Здружението на граѓани „16 март“ најавија дека ќе продолжат со организирање маршеви во Кочани и во другите градови од каде што се жртвите.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44983
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

12/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро да ги бара веслата

12/08/2026

Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy