Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОДИТЕЛИТЕ ДА НЕ ЈА ОДЛОЖУВААТ ВАКЦИНАЦИЈАТА СО МРП-ВАКЦИНА Апел од Институтот за јавно здравје
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ ДА НЕ ЈА ОДЛОЖУВААТ ВАКЦИНАЦИЈАТА СО МРП-ВАКЦИНА Апел од Институтот за јавно здравје

02/11/2026

AA

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до сите родители и граѓани да го проверат вакциналниот статус и да ги надоместат пропуштените дози од МРП вакцината, која штити од мали сипаници (морбили), рубеола и заушки.

Апелот следува поради недоволниот опфат со вакцинацијата во земјава, како и регистрираните случаи на мали сипаници во некои од соседните држави.

Од ИЈЗ предупредуваат дека актуелната епидемиолошка состојба во регионот наложува зголемена претпазливост и навремено преземање превентивни мерки за да се спречи евентуално ширење на заболувањето.

„Вакцинацијата е најефикасната мерка за заштита од мали сипаници и за спречување на нивното ширење во заедницата. Особено е важно децата да ги примат двете дози на МРП вакцината согласно календарот за имунизација, а лицата кои ја пропуштиле вакцинацијата да го проверат својот вакцинален статус и да ја надоместат пропуштената доза“, наведено е во апелот од ИЈЗ.

Оттаму ги повикуваат граѓаните да не ја одложуваат вакцинацијата и да се обратат до најблискиот вакцинален пункт, каде што можат да добијат информации за својот вакцинален статус и да ја примат пропуштената доза.

ИЈЗ потсетува дека малите сипаници се едно од најзаразните вирусни заболувања, кое лесно се пренесува од човек на човек. Вирусот се шири преку воздухот, со честички што заразеното лице ги исфрла при дишење, зборување, кашлање или кивање. Тој може да остане во воздухот до два часа по заминувањето на заразеното лице од просторијата, што значи дека инфекцијата може да се пренесе и без директен контакт со заболениот.

Дополнителен ризик претставува фактот што заразеното лице може да го пренесува вирусот уште пред да се појават видливите симптоми. Периодот на заразност започнува приближно четири дена пред појавата на карактеристичниот осип и трае уште четири дена по неговото појавување.

Првите симптоми на морбили најчесто вклучуваат висока температура, малаксаност, кашлица, течење на носот и воспаление на очите. Кај дел од заболените се појавуваат и таканаречени копликови дамки кои се ситни белузлави промени на слузницата во устата. Потоа следува карактеристичен осип, кој обично започнува на лицето и постепено се шири кон трупот и екстремитетите. Осипот најчесто трае пет до шест дена.

Инкубацискиот период, односно времето од изложувањето на вирусот до појавата на првите симптоми, најчесто изнесува околу 11 до 12 дена, додека осипот обично се појавува околу 14 дена по изложувањето. Од ИЈЗ нагласуваат дека лицата кои немаат имунитет, особено невакцинираните, се изложени на висок ризик од заразување при контакт со заболено лице.

„Заштитата на секое дете е важна. Со навремена вакцинација ги штитиме не само сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, туку и целата заедница“, порачуваат од ИЈЗ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД ЏЕБ МУ ИСПАДНАЛЕ 193 ТАБЛЕТИ? Уапсен 24-годишник во отворено

02/11/2026
Македонија

ЌЕРКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКА СИ ВО КОЧАНИ 45-годишна жена уапсена

02/11/2026
Македонија

МУ ГО ПРЕДАЛ „ГОЛФОТ’, НО ПАРИТЕ НЕ ГИ ДОБИЛ Тетовец

02/11/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ ДА НЕ ЈА ОДЛОЖУВААТ ВАКЦИНАЦИЈАТА СО МРП-ВАКЦИНА Апел од

02/11/2026
Македонија

ОДНОВО ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ОНКОЛОГИЈА 2 Нино Васев и Нехад

02/11/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ ДА НЕ ЈА ОДЛОЖУВААТ ВАКВИНАЦИЈА СО МРП-ВАКЦИНАТА Апеј од

02/11/2026
Македонија

НЕ ЈА ВРАТИЛА ЌЕРКАТА КАЈ ТАТКОТО Охриѓанка доби кривична пријава

02/11/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ОД МАЈКА МУ И СЕСТРА МУ Сестрата го

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46510
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД ЏЕБ МУ ИСПАДНАЛЕ 193 ТАБЛЕТИ? Уапсен 24-годишник во отворено затворско одделение

02/11/2026

Полициски службеници од СВР Велес вчера вечер го уапсиле 24-годишниот Д.Р. од Велес, откако кај него биле пронајдени 193 таблети

ЌЕРКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКА СИ ВО КОЧАНИ 45-годишна жена уапсена по семејна расправија

02/11/2026

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера попладне ја уапсиле 45-годишната В.Р. од Пехчево, откако претходно во домот на нејзините родители

МУ ГО ПРЕДАЛ „ГОЛФОТ’, НО ПАРИТЕ НЕ ГИ ДОБИЛ Тетовец измамен за 6.000 евра при

02/11/2026

49-годишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен за 6.000 евра при договорена продажба на патничко возило „фолксваген голф“. Како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy