Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Навални 20 дена патувал до злогласениот затвор кој е прекриен со снег: Вели носи капут од овча кожа!
Македонија

Навални 20 дена патувал до злогласениот затвор кој е прекриен со снег: Вели носи капут од овча кожа!

26/12/2023

AA

Навални зборуваше за прв пат по пристигнувањето во еден од најстрогите затвори во Русија.

Алексеј Навални, затворениот руски опозициски политичар, го потврди своето пристигнување во затвор над Арктичкиот круг. Навални преку своите адвокати на Твитер (сега Х) објави дека затворот е покриен со снег и дека е добро и покрај напорното патување до таму, кое траеше 20 дена. Тимот на Навални вчера соопшти дека е пронајден, откако на 11 декември беше пријавено дека исчезнал и не е во затворот во кој се наоѓал.

„Патувањето до новиот затвор траеше 20 дена и беше доста заморно. Како и да е, не грижете се за мене. Добро сум. Олеснет сум што конечно пристигнав“, изјави Навални на „Х“.

Новиот дом на Навални е колонијата „Поларниот волк“, еден од најтешките руски затвори. Портпаролката на Навални, Кира Јамиш, вчера изјави дека тој се наоѓа во населбата ИК-3 Харп во автономниот округ Јамало-Ненец. Ова место е оддалечено повеќе од 3000 километри од Москва и се наоѓа на Арктикот.

Тој претходно беше во затвор на 241 километар од Москва. Јамиш рече дека адвокатот денеска го посетил Навални и дека затворениот политичар се чувствува добро. Во објава на X, Навални ги опиша суровите временски услови во новата затворска колонија.

Сега имам капут од овча кожа, ушанка (крзнена капа), а наскоро ќе добијам и валенки (традиционални руски зимски обувки). 20-те дена од трансферот беа доста заморни“, изјави Навални, кој се пошегува дека личи на Дедо Мраз. .

Новиот дом на затворениот руски политичар, познат како колонија „Поларниот волк“, се смета за еден од најстрогите затвори во Русија, пишува Ројтерс. Повеќето од затворениците таму беа осудени за тешки кривични дела. Оваа недела температурата во тој дел на Русија ќе се движи околу минус 28 Целзиусови степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy