Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Научниците сметаат дека „вонземјаните“ од Мексико се најобична измама
Македонија

Научниците сметаат дека „вонземјаните“ од Мексико се најобична измама

14/09/2023

AA

Наводни вонземјани слетаа во Мексиканскиот конгрес, но тоа не беше НЛО во облик на чинија што лебди над историската зграда или светло зелени напаѓачи како оние од холивудските филмови…

Сеништето на „малите зелени човечиња“ пристигна во Мексико Сити додека парламентарците во вторникот го слушнаа сведочењето од поединци кои укажуваат на можноста за вонземјани.

Истражувачите дојдоа од Мексико, САД, Јапонија и Бразил, пишува Асошиетед прес.

Сесијата без преседан во Мексиканскиот Конгрес беше одржана два месеци по слична пред Конгресот на САД на која поранешен разузнавач на американското воено воздухопловство тврдеше дека неговата земја веројатно знаела за „вонземски“ активности уште од 1930-тите.

Мексиканскиот новинар Хозе Хаиме Маусан претстави две кутии со наводни мумии пронајдени во Перу, за кои тој и другите луѓе веруваат дека припаѓаат на „нечовечки суштества кои не се дел од нашата земна еволуција“, потсетува Индекс.

Згрчените тела со згрчени и искривени глави ги запрепастиле властите и брзо кренале бура на социјалните мрежи.
„Тоа е кралица на сите докази. Ако ДНК ни покаже дека тоа се „нечовечки“ суштества и дека нема вакво нешто на светот, тоа треба да се сфати како такво“, тврди Маусан.

Сепак, тој предупреди дека се уште не сака да ги нарекува „вонземјани“.

Очигледно исушените тела датираат од 2017 година и беа пронајдени длабоко под земја во пустината Наска во Перу.

Областа е позната по гигантските енигматични фигури врежани во земјата и видливи само од птичја перспектива.

Повеќето од тие линии во пустината Наска се припишуваат на древните домородни заедници, но формациите ја освоија имагинацијата на многумина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy