Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Научници на симпозиум ќе дебатираат за влијанието на Тејлор Свифт
Магазин

Научници на симпозиум ќе дебатираат за влијанието на Тејлор Свифт

22/09/2023

AA

Австралија се подготвува да одржи меѓународна академска конференција за влијанието на Тејлор Свифт, објави Би-би-си.

Настанот „Свифтпозиум“ ќе го истражи влијанието на мегаѕвездата врз сè, од музичката индустрија до поп-културата и економијата. Организаторите на тридневниот настан се надеваат дека ќе привлечат научници од целиот азиско-пацифички регион.

Австралискиот универзитет во Мелбурн ќе биде домаќин на Swiftposium 2024 во февруари истата недела кога Свифт ја носи својата рекордна турнеја „Ерас“ во Австралија.

Свифт (33), која стана ѕвезда како тинејџерка, беше во центарот на главните културни моменти и дебати во текот на целата своја кариера. Таа стана еден од најплатените и најнаградувани уметници на сите времиња предизвикувајќи дебати за сè – хонорари за стриминг, авторски музички права, па дури и за мизогинија и култура на бојкот.

Влијанието на нејзината турнеја „Ерас“ е такво што ги сруши веб-страниците за издавање билети… експертите го измислија новиот тренд Swiftonomics („Свифтономија“), а земји како Викторија, Австралија, побрзаа да го реформираат законот за препродажба на билети.

„Таа е вистински феномен“, изјави за Би-би-си организаторката на симпозиумот, Џенифер Бекет, од Универзитетот во Мелбурн.

Иако идејата за настанот почна со полусериозен твит претходно оваа година, таа бргу доби поддршка од седум универзитети во Австралија и Нов Зеланд.

„Тејлор Свифт навистина има многу конкретно влијание на глобално ниво, во работите што нè засегаат сите нас“, рече д-р Бекет посочувајќи на работи како улогата на жените во индустријата, законот за забава, па дури и БДП.

„Светските лидери бараат од неа да ја донесе турнејата ‘Ерас’ во нивната земја поради економските придобивки што ги носи“, додаде таа.

Иако Свифт беше предмет на универзитетски курсеви во САД, ова е првпат да се одржи глобален симпозиум на кој се дискутира за нејзиното влијание.

Организаторите се надеваат дека конференцијата ќе истражи теми, како што се феноменот на нејзините фанови, нејзиниот маркетинг и влијанието на пејачката текстописец врз дебатите за полот, идентитетот и расата.

Добредојдена е и критичката анализа на нејзиниот бренд и влијанието, велат тие.

Организаторите зачуваа празен простор за самата суперѕвезда доколку сака да дојде и да учествува во дебатите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy