Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Натпреварот меѓу Вардар и Работнички е прогласен за меч од висок ризик!
Спорт

Натпреварот меѓу Вардар и Работнички е прогласен за меч од висок ризик!

27/10/2023

AA

Поради најавено присуство на две навивачки групи, Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) реши мечот меѓу Вардар и Работнички кој се игра утре од 18 часот да го прогласи за натпревар од висок ризик.

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ одлучи мечот од 5. коло меѓу Вардар и Работнички да биде прогласен за дуел од висок ризик. Причината е најавеното присуство на две навивачки групи.

„Согласно членот 10 од Правилникот за работа, Комесарот за натпреварување соработува со комесарите за безбедност на клубовите, во овој случај со КК „Вардар“ од Скопје, како организатор на натпреварот, како и со органите на МВР и други државни институции, во смисла на спречување и превенирање на насилство и почитување на Законот за спречување насилство на спортските терени. 

„Согласно членовите 16.1, 16.8.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, лицето за контакт од екипата домаќин на ден 24.10.2023 година ја извести канцеларијата за натпреварување во сениорските лиги дека натпреварот ќе се игра во дадената сала и дадениот термин, со напомена дека, освен присуство на навивачи на екипата-домаќин, и гостинската екипа најавила присуство на навивачи.

Согласно главата 9, член 10, алинеја 5, комесарот за натпреварување е должен тесно да соработува со клубовите, со органите на МВР и други државни институции, во смисла на спречување и превенирање на насилство и почитување на Законот за спречување насилство на спортските терени.

Со оглед на најавите дека ќе има присуство на две навивачки групи, а за што подобра организација на натпреварот, во прв ред, безбедноста на актерите и присутните во спортскиот објект, спречување на инцидентни ситуации, одлучено е овој натпревар да биде од зголемен ризик. 

Дополнително, а согласно членот 19.3 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, комесарот за натпреварување побара поголем број на присутни органи за безбедност, чија бројка ќе зависи од проценката на претставниците на МВР.

Во исто време, организаторот на натпреварот е должен да организира соодветна редарска служба – зголемен број, и агенција за обезбедување, согласно Законот за спречување насилства на спортските терени во РС Македонија.

Со напомена дека, тоа не значи дека нема да има присуство на одреден број на навивачи, согласно со капацитетот на спортскиот објект-сала во кој домашната екипа го организира овој натпревар“, стои во соопштението на Македонската кошаркарска федерација.
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филмско грабнување во Неготино: Со пиштол и црни ќеси на

14/04/2026
Македонија

АКО СЕ ПОЈАВИ ГРУЕВСКИ, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР Мицкоски не

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42452
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филмско грабнување во Неготино: Со пиштол и црни ќеси на главата мачеле маж за да

14/04/2026

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци покрена истражна постапка против двајца мажи од демиркапиското село Корешница (на возраст од 37 и

АКО СЕ ПОЈАВИ ГРУЕВСКИ, ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР Мицкоски не очекува дека поранешниот премиер ќе

14/04/2026

Ако избеганиот поранешен премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, ќе оди в затвор, рече денеска премиерот Христијан

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy