
Натпревар на кариерата на Серлот – му даде четири гола на Реал (ВИДЕО)
Виљареал и Реал одиграа фантастичен меч со осум гола, заврши без победник 4-4, а во центарот на вниманието беше напаѓачот на домашниот тим. Серлот ги постигна сите четири гола за Виљареал и стана трет фудбалер кому му успеало тоа по Валентин Кастељанос минатата сезона и Роберт Левандовски пред 11 години кога беше член на Борусија Дортмунд.
Интересно е тоа што Реал по првите 45 минути имаше водство од 4-1 и се чинеше дека ќе оствари уште една лесна победа. Два пати погоди Ѓулер, а по еднаш Хосели и Лукас, додека трите гола во вториот дел, Серлот ги постигна во периодот од 48. до 56. минута.

