
НАТО мобилизира 90.000 војници за најголемата воена вежба од Студената војна
НАТО има намера да ангажира 90.000 војници за најголемите воени вежби од крајот на Студената војна со цел да ја одврати руската агресија, објави германската агенција ДПА.
Сценариото за вежбата „Циволен бранител“, која треба да започне во февруари, е руски напад на сојузничка територија, што ќе го активира членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој гарантира колективна одбрана.
Британското Министерство за одбрана неодамна објави дека на овогодинешните вежби ќе учествуваат околу 20.000 британски војници од поморските, воздушните и копнените сили.
Вежбите ќе се фокусираат на алармирање и распоредување на национални и мултинационални копнени сили во случај на руски напад. Член пет досега е активиран само еднаш, по нападот на Ал Каеда врз САД на 11 септември 2001 година.
Најголемите вежби на НАТО алијансата по Студената војна беа одржани досега во 2018 година, главно во Норвешка, а на нив учествуваа околу 51.000 војници, пренесува Хина.
Членките на НАТО, Естонија, Летонија, Литванија и Полска веруваат дека ќе бидат на првата линија на одбраната во случај на руска агресија. (крајот) е
Многу земји од источното крило на НАТО стравуваат дека еден ден би можеле да се соочат со слична судбина што го снајде украинскиот народ, кој речиси две години се бори против руската инвазија.
