Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 National Geographic: Секој алпинист создава 8 килограми отпад на Еверест
Македонија

National Geographic: Секој алпинист создава 8 килограми отпад на Еверест

31/05/2023

AA

Познатиот американски планински водич кој неодамна го постигна реткиот подвиг да се искачи на Монт Еверест и два блиски врва за помалку од три недели, повика највисоката планина на светот да се „спаси од тони ѓубре“. Ова го пренесува агенцијата Ројтерс.

Герет Медисон (44), кој минатата недела по 13-ти пат се искачи на Монт Еверест високата 8.849 метри , рече дека видел „искинати шатори, обвивки со храна и празни боци со кислород фрлени од планинарите“ во повисоките кампови.

„Мораме да најдеме подобри начини за собирање на отпадот “, рече Медисон, кој е во непалскиот главен град Катманду по уште едно спуштање од планината. Тој е категоричен дека е потребен подобар полициски надзор, како и проверка „дали секој тим го отстранува своето ѓубре на крајот од експедицијата“.

За алпинистите е задолжително да го носат својот отпад надолу доколку сакаат да си го вратат депозитот од 4.000 долари, наметнат пред извесно време од владата. Но, организаторите на експедицијата и туристичките власти велат дека следењето на камповите на околу 8.000 метри е и тешко и неефикасно.

Властите собраа 13 тони ѓубре од Еверест и блиската планина Лотсе оваа година како дел од кампањата за одржување на чистотата на планините. Сепак, не така одамна, Еверест беше наречен „највисоката депонија во светот“ поради децениското комерцијално планинарење.

National Geographic проценува дека секој планинар генерира околу осум килограми отпад , кој вклучува контејнери за храна, шатори, празни резервоари со кислород, па дури и човечки измет. Исцрпените планинари, борејќи се за секој здив на кислород, често ги напуштаат тешките шатори наместо да се обидуваат да ги симнат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав

20/02/2026
Македонија

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

20/02/2026
Македонија

ФОТО Вода тече во училниците во битолското основно училиште Гоце

20/02/2026
Македонија

Мицкоски: Постои сценарио Македонија да влезе во ЕУ на почетокот

20/02/2026
Македонија

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат

20/02/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се

20/02/2026
Македонија

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41696
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy