
Наташа Андонова оди на печалба во Саудиска Арабија!
Од денеска, таа е член на еден од најдобрите тимови од оваа земја Ал Шабаб со што тргна по стапките на некои од најдобрите фудбалери на денешнината кои последните години заиграа таму. Ал Шабаб е клуб формиран пред седум години, тренер е шпанскиот стручњак Мигел Моралес, а најголем успех досега му е пласманот во финалето од националниот Куп.
Во првенството на Саудиска Арабија има десет клубови, а новата сезона почнува на 27 септември. За македонската репрезентација, Андонова има 33 настапи и 14 постигнати голови со што е втор стрелец на сите времиња.