Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наталија (14) почина откако со часови лежеше на снег, без никој да и помогне: полицијата помина неказнета
Македонија

Наталија (14) почина откако со часови лежеше на снег, без никој да и помогне: полицијата помина неказнета

15/02/2024

AA

И по речиси три месеци од трагичната смрт на малата Наталија (14) од Полска, која почина откако со часови лежеше на снег во центарот на градот, не се знае точно како биле казнети полицајците што ја одложувале потрагата со часови.

Трагедијата се случи на крајот на ноември минатата година, а сите се бесни на полицијата која не реагираше навреме кога беше пријавено исчезнувањето на девојчето.

Имено, на кобниот 28 ноември, Наталија тргнала на училиште во Андрихово, но на пат кон автобуската станица и се слошило.

Девојката му се јавила на татко и и рекла дека и се стемнувало пред очи, дека не може да оди и не знае каде е. Наталија пропаднала во снегот во близина на продавница и лежела со часови, никој не и обрнувал внимание, а полицијата не започнала потрага веднаш по пријавата.

Имено, откако пријавила дека и е лошо, татко и повеќе не можел да ја добие на телефон. Веднаш почнал очајно да ја бара, пријателите му помогнале, но бидејќи не успеал да ја најде во градот со околу 20.000 жители, околу 10 часот отишол во полициска станица.

Но, полицијата веднаш не презеде акција. Работата да биде уште полоша, девојката лежела во снегот на само 500 метри од полициската станица.

Роднина на семејството вели дека полицијата прво го натерала таткото да чека, а потоа го испрашувала наместо веднаш да и го лоцира мобилниот телефон. Надвор беше студено, околу минус 3 степени…

Патролата почнала да бара нешто по пладне. За жал, девојката била пронајдена во бессознание дури околу 13 часот и 30 минути. Случаен минувач ја собрал и ја внел во продавницата. Набрзо пристигнала брза помош која тешко премрзнатото девојче го пренело во болница. За жал, таа почина следниот ден. Резултатите од обдукцијата покажале дека Наталија претрпела огромно крварење на мозокот.

Случајот предизвика голема тага во Полска и критики кон полицијата и луѓето кои безобразно минуваа.

Потоа беше одлучено да се спроведе истрага и да се поведе дисциплинска постапка против четворицата полициски службеници, со цел да се утврди дали имало невнимание во вршењето на службата, што можело да придонесе за смрт на детето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја

28/06/2026
Македонија

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на

28/06/2026
Македонија

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026
Македонија

Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на

28/06/2026
Македонија

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири

28/06/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy