
НАСИЛСТВО ВО СМЕДЕРЕВО: Ја тепал и давел сопругата, а на детето му ја триел пелената од лицето
Уште еден случај на насилство ја потресе Србија. Маж од Смедерево ја тепал и ја давел сопругата, а на детето му ја триел пелената од лицето.
33-годишен маж, со иницијали Д. М., е уапсен по предлог на Основното јавно обвинителство во Смедерево поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој се товари дека во повеќе наврати во текот на месецов психички и физички ја малтретирал својата сопруга така што со отворена тупаница ја удрил жртвата по лицето, ја фатил со рацете за вратот и ја оттурнал од него и ѝ упатил многубројни навреди, како и закани по живот.
Во 2010 година со своето дрско и непромислено однесување ѝ се заканувал на малолетната ќерка, која била од претходниот брак, и ѝ ја триел пелената од нејзиното лице викајќи и заканувајќи ѝ се дека неколку дена нема да смее да јаде.
„Доколку кривичното дело е сторено над малолетно лице, казната затвор е од две до десет години“, велат од Основното јавно обвинителство во Смедерево.
Полицискиот билтен во Србија често има случаи на семејно насилство. Србија месецов ја потресоа два масакри. 13 годишен тинејџер на 3-ти мај изврши маскар во своето училиште во Белград, каде има 10 жртви. Потоа младо момче од Младеновац изврши масакр и уби повеќе луѓе. Деновиве е откриено девојче кое носело нож и имало список на ученици до наслов „Цел“.
Foto: Profimedia