
„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“ револтирани од бавното судење и пропустите во притворот
Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во трагедијата „Пулс“, преку јавно обраќање упати остри критики кон институциите. Тој ги прозва Обвинителството и Кривичниот суд за неисполнување на дадените ветувања за ефикасно судење, посочувајќи на серија одложувања, сомнителни лекарски оправдувања и сериозни безбедносни пропусти.
Според Наунов, најавеното темпо за брза и ефикасна правда воопшто не се почитува.
Освен бавното судење, семејствата ги загрижуваат и пропустите во казнено-поправните установи, како и менувањето на исказите во судницата.
Во своето емотивно обраќање, објавено од Скопје1.мк, тој им порача на сите кои се обидуваат да го релативизираат случајот дека семејствата нема да се откажат од барањето правда.
