Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАШАТА АРМИЈА Е ПОЧИТУВАНА И ДОМА И НАДВОР Реферирање пред Сиљановска Давкова за борбената готовност
Македонија

НАШАТА АРМИЈА Е ПОЧИТУВАНА И ДОМА И НАДВОР Реферирање пред Сиљановска Давкова за борбената готовност

29/01/2026

AA

Нашата Армија е компатибилна, компарабилна и почитувана не само дома, туку и надвор. И ние можеме со сигурност да кажеме дека состојбата е за поздравување. И мислам дека Армијата заслужува понатамошно разбирање и поддршка и од Владата, но и од сите нас. Ја имаат, се разбира, и мојата поддршка. Јас имам што да бранам, што да фалам, што да заштитувам и имам во што да верувам – истакна денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, по долгото реферирањето за борбената готовност на Армијата за 2025 година.

На состанокот на кој присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал‑мајор Сашко Лафчиски, генералите од Армијата и претставници од кабинетите на претседателката и министерот, Сиљановска Давкова посочи дека долгиот состанок не е случаен, туку ја изразува сериозноста на Армијата, при што детаљната презентација потврдила дека Армијата, како што рече, ужива највисок углед во државава.

Како врховна командантка, таа истакна дека добила целосен увид во состојбите и дека се докажало оти навистина ние сме компатибилни и компарабилни со сите армии. Претседателката посочи дека високата доверба на партнерите се гледа преку учествата во меѓународните мисии и големите вежби нагласувајќи дека лани на Криволак имало 2.000 учесници.

Како посебно значаен момент од денешната презентација Сиљановска Давкова ја истакна и, како што рече, силата на воената дипломатија, при што додаде дека нема мисија во која ние не сме биле оценети извонредно не само регионално, туку и пошироко. Таа ја посочи одличната соработка со армиските структури на Грција и на Бугарија како пример за ефективна воена дипломатија.

Во однос на буџетските издвојувања за одбраната, претседателката нагласи дека во планирањето се забележува извонредна селектираност и квалитативна и стратешка рамка.

– Се разбира, мене ме интересираа издвојувањата од буџетот бидејќи тие се многу важни, но гледам дека и тука има една извонредна селектираност. Квалитативна рамка, ова е стратешка рамка, но поголеми се квалитативните од квантитативните цели, што значи дека ние можеме да очекуваме исчекори – истакна претседателката.

Во контекст на партнерствата, Сиљановска Давкова рече дека станало јасно зошто сме почитуван стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, посочувајќи дека најголем дел од активностите се со нив, но и дека исто толку активности имаме и со ЕУ-партнерите. Таа ја повтори својата позиција дека пристапот треба да биде не или-или, туку и-и.

Осврнувајќи се на застапеноста на жените во Армијата, претседателката посочи дека нивното учеството е речиси 24 отсто и дека целта е да достигнат 30 проценти. Притоа истакна дека застапеноста е поголема во офицерскиот состав одошто во подофицерскиот и дека е потребно зголемување на подофицерскиот контингент. Таа најави залагање за формирање „национален центар за извонредност на жените во Армијата“, кој може да прерасне и во регионален центар.

Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал‑мајор Сашко Лафчиски, кој ја запозна претседателката со реализираните задачи и постигнувањата на Армијата во текот на годината во областите персонал, обука и вежби, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на силите, модернизација и опремување, како и буџет и финансии.

Како што соопштија од ГШ на АРМ, генералот Лафчиски истакнал дека Армијата е подготвена целосно да ја изврши својата уставна улога – одбрана на Републиката, заштита на територијалниот интегритет и независноста и исполнување на националните и меѓународните обврски, меѓу кои и придонесот во колективната одбрана, меѓународните операции и заштитата на националните интереси.

Информира дека Армијата во изминатата година успешно ги реализирала сите планирани и доделени задачи, при што бил нагласен високиот степен на подготвеност на припадниците, напредокот во модернизацијата и опремувањето, како и значајната улога на македонските мировници во зајакнување на регионалната и глобалната безбедност.

Според Лафчиски, борбената готовност е на потребното ниво и дека Армијата ќе продолжи да ја подобрува преку исполнување на планот за модернизација и опремување, континуираната обука и вежби дома и во странство, како и преку исполнување на пакетот цели на способности за 2025 година, кој е еден од приоритетите во рамките на НАТО.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy