Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАПРАВИЈА ЗЛОСТОРСТВА ВО ЕСМ, ФИЛИПЧЕ И СДСМ ДА НЕ КОМЕНТИРААТ ЗА ЕНЕРГЕТИКАТА Штетата од нив не може да се санира за една година
Македонија

НАПРАВИЈА ЗЛОСТОРСТВА ВО ЕСМ, ФИЛИПЧЕ И СДСМ ДА НЕ КОМЕНТИРААТ ЗА ЕНЕРГЕТИКАТА Штетата од нив не може да се санира за една година

29/11/2025

AA

Венко Филипче и СДСМ се последните што имаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во енергетиката, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Филипче, кој рече дека производството на електрична енергија од домашните капацитети е на историски најниско ниво досега.

„Токму раководствата поставени од нив оставија сериозни структурни, технички и финансиски последици врз домашните производни капацитети. Наследени беа деградирани и недоволно одржувани рудници за јаглен, запуштена и застарена опрема во термокапацитетите, истрошени хидропотенцијали, што се состојби што не може да се санираат за една година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, се додада, дел од поранешните одговорни лица се предмет на постапки пред надлежните институции, а компанијата соработува во целост со истрагите и очекува секој пропуст да биде утврден согласно законот.

„При преземањето на компанијата, ЕСМ беше во исклучително тешка финансиска состојба со производствена цена од околу 140 евра за мегават-час, загуби од повеќе од 130 милиони евра и доспеани, неплатени обврски кон деловни партнери над 80 милиони евра. Ова е реалната слика што ја остави СДСМ и која ја загрози стабилноста на целиот енергетски систем“, се вели во соопштението.

Во тој контекст, се додадав, лицемерна е тезата на Филипче дека електрична енергија можела да се произведува за 85 евра за мегават-час и е во спротивност со фактичките бројки и состојбата што беше затекната.

„Против раководствата кои ја управувале компанијата во периодот од август 2017 до август 2024 година се поднесени пријави до надлежните институции, и веруваме дека сите до еден ќе одговараат за своите злосторства во една од најзначајните државни компании. Имајќи го предвид ова наследство, најмалку што може да направи СДСМ е да се воздржи од коментирање на теми поврзани со енергетиката, барем додека институциите целосно не ги расчистат сите пропусти и последици од нивното управување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатата година се намалени затекнатите загуби, а цената на произведената електрична енергија е намалена за околу 22 проценти. Но, и покрај сите предизвици АД ЕСМ понуди минимално повисока цена кон Универзалниот снабдувач, додава ВМРО-ДПМНЕ.

 

– За само година и пол, ВМРО-ДПМНЕ го спушти производството на историски најниско ниво. Во енергетскиот биланс за 2025 година ЕСМ предвидело производство од 5.100 GWh, a во периодот јануари–октомври е само 2.450 GWh, што е помалку од 50% планираното. Купена е струја за многу повисоки цени, потрошени се 62 милиони евра за да се надокнади оваа струја – рече Филипче.

Тој додаде дека поради овие причини следува поскапување на струјата, а со тоа раст на сите други цени.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026
Македонија

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство

01/05/2026
Македонија

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026
Македонија

74-годишен пензионер нападнал дете во маркет во Штип

01/05/2026
Македонија

Мицкоски: Субјекти користат повластени цени и вршат реекспорт на бензинот

01/05/2026
Македонија

Кривична пријава против Костадин Костадинов и уште четири лица за

01/05/2026
Македонија

„За плата се бориме, не се молиме“: ССМ со масовен

01/05/2026
Македонија

Претрес во Катланово, пронајдена марихуана во тегли!

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

01/05/2026

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026

На 30.04.2026 во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy