
Наполи потврди: Елиф Елмас се врати „дома“
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално се врати во Наполи. Италијанскиот шампион ја потврди веста објавувајќи фотографии и видео од него, посакувајќи му добредојде назад.
Елмас минатата сезона настапуваше за германски Лајпциг, но не доби вистинска шанса и немаше голема минутажа. Се поврзуваше со Фенербахче, Галатасарај, а имаше интерес и од Вест Хем од Англија.
Сепак, тој одлучи да се врати во Неапол каде пред една година освои шампионска титула, а претходно и Купот на Италија. Според информациите, договорот помеѓу Наполи и Лајпциг за Елмас е едногодишна позајмица од 2 милиони евра, со право на откуп на договорот за 16 милиони евра.