Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче ќе ја достави резолуцијата за црвените линии, Мицкоски ја отфрла идејата
Македонија

Филипче ќе ја достави резолуцијата за црвените линии, Мицкоски ја отфрла идејата

01/09/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оваа недела ќе ја достави резолуцијата за црвените линии во преговорите за членство со Европската унија. Тој останува на ставот дека документот мора да се разгледа, иако премиерот Христијан Мицкоски викендов ја отфрли иницијативата.

„Не гледаме дека се трудат нешто да направат околу тоа. Нема дипломатска активност. Очигледно е дека се конзистентни во тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека содржината на резолуцијата ќе биде објавена деновиве и очекува за неа да се разговара и на лидерска средба. „Ако има чесен пристап од власта, ќе седнеме и ќе разговараме – во парламент, на лидерска средба, со најголемите партии,“ потенцираше лидерот на СДСМ.

Премиерот Мицкоски оцени дека позицијата на Владата е јасна и дека треба борба со аргументи, а не со „итроштини“. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски пак, ги посочи СДСМ и ДУИ како виновници за блокадата, бидејќи, како што рече, токму тие партии спречиле да почнат преговорите.

Еврокомесарката Урсула фон дер Лајен при посетата на Бугарија не даде директен одговор на прашањето за „план Б“ за Македонија. Таа истакна дека проширувањето на ЕУ ќе биде според заслуги:
„Секоја земја ќе биде оценета според сопствените достигнувања. Поголема и побезбедна ЕУ значи посилен глас во светот.“

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, повтори дека не смеат да се отвораат нови прашања и вета, туку Македонија треба да се држи до договорите и правилата на ЕУ, кои, според него, ги штитат националните интереси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy