
Наполи може да го лади шампањското: Интер без муниција кај Сампдорија (ВИДЕО)
Интер беше огромен фаворит за три бода, за колку-толку да остане во трка за титулата, но со денешниот кикс, скоро невозможно е Наполи да не биде шампион, иако до крајот на сезоната има уште 16 кола и многу бодови се во игра.
„Нераѕурите“ имаа шанса во последните секунди да дојдат до три бода во акцијата на Џеко, Д’Амбросио и Лаутаро Мартинез, ама сите не знаеа што попрво со топката, па Сампдорија се извлече за да освои бод, кој за малку ја намали разликата во однос на Специја, прва над зоната, на осум бода кои треба да го надополни тимот од Џенова.
Верона во таа трка за опстанок ја победи Салернитана со 1-0 за да ја намали предноста во однос на најблискиот ривал во сигурната зона.