Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОМЕНИ ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА АД ЕСМ – нова независна членка е Катерина Митовска-Наковска, професорка од Крива Паланка
Економија

ПРОМЕНИ ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА АД ЕСМ – нова независна членка е Катерина Митовска-Наковска, професорка од Крива Паланка

14/02/2023

AA

Државните електрани известија за промени во Надзорниот одбор во ова
акционерско друштво во државна сопственост.

Според известувањето кое компанија го испрати до Македонската берза, била
направена промена во Надзорниот одбор на друштвото, односно отповикана е
досегашната независна членка на Надзорниот одбор, Фросина Крстевска, а на нејзината
позиција е именувана Катерина Митовска-Наковска.

Од АД ЕСМ информираат дека всушност Фросина Крстевска била отповикана со
одлука на Владата, која има улога на Собрание на акционери за ова АД во државна
сопственост.

„Согласно обврската за известување која произлегува од Законот за хартии од
вредност и Службен весник, ве известуваме дека со Одлука за отповикување и
избор на член на Надзорниот одбор на АД за производство на електрична енергија,
Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, од 24 јануари 2023
година, донесена од Владата на РСМ, во својство на Собрание на АД ЕСМ, извршена
е промена во составот на Надзорниот одбор на друштвото, така што од должноста
независен член отповикана е Фросина Крстевска, а за независен член на
Надзорниот Одбор на друштвото избрана е Катерина Митовска-Наковска“, се вели во
соопштението од државните електрани.

Фактор се интересираше која е новата независна членка на Надзорниот Одбор
на АД ЕСМ, Катерина Митовска-Наковска.

Според нашите сознанија, а и според интернет пребарувачите, Катерина
Митовска-Наковска е од Крива Паланка, и е професорка по македонски јазик и
литература во Гимназијата во тој град, каде своевремено била и помошник
директор.

Митовска-Наковска била и членка на Советот на Општина Крива Паланка, од редовите
на СДСМ, и тоа во претходниот состав, односно од периодот од 2017 до 2021
година.

Н.Н.Ф.

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy