
НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО МАТИЧНО Жена приведена по инцидент во Битола

Вработена во Управата за водење на матични книги во Битола била физички нападната на своето работно место, а осомничената жена е приведена, информира полицијата.
Според пријавата, инцидентот се случил на 23 февруари околу 17:10 часот, кога 33-годишната Џ.М. од Битола пријавила дека била нападната од Љ.С. (44) од селото Могила.
Од МВР велат дека напаѓачката е лишена од слобода и задржана во Полициската станица Битола, а по целосното расчистување на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
.
