Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ГРУБИ Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН Сериозна држава не смее да го дозволи, вели Димитриевски
Македонија

КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ГРУБИ Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН Сериозна држава не смее да го дозволи, вели Димитриевски

24/02/2026

AA

Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, смета лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој денеска во Куманово ја коментираше одлуката побарана од страна на обвинителството, донесена од судијата на претходна постапка.

Тој одговарајќи на новинарски прашања кажа дека ако сакаме во Европа, ќе мора да споделуваме европски вредности, нагласувајќи дека сериозна држава не смее да си дозволи вакви преседани.

– Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како политички субјект и моите лични ставови во делот на нефункционалноста на судскиот систем. Недозволиво е лице кое подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и да му се изрекува мерка притвор и истото од распит завршува дома. Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо – изјави Димитриевски.

Тој потсети дека е легалист и дека самиот присуствувал на секое рочиште кое се водеше против него во Кумановскиот основен суд. За Димитриевски е недозволиво Груби после 14 месеци бегство да заврши во куќен притвор.

– Јас сум легалист, видете кога бев обвинет, редовно се појавував на сите судски рочишта. Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал, беше отсутен од државата повеќе од 14 месеци, се врати и заврши во домашен притвор што е недозволиво за еден сериозен систем. Сакаме во Европа, сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата – изјави Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ, кажа дека е задоволен од работата на министерот за правда Игор Филков, а изјавите на одредени лидери, претставници на коалициски партнери, градоначалници за работата на министерот во однос на правосудниот испит, ги оцени како обид за дневна политика и собирање евтини политички поени.

На новинарски прашања дали ќе се повлече од власта при евентуална реконструкција на Владата и разрешување на министерот, Димитриевски рече дека засега нема таква најава, но дека останува правото на мандатарот за реконструкција и повтори дека е задоволен од работата на министерот за правда.

– Првично министерот Филков работи согласно позитивните законски прописи во државата што се во сила и се почитува и законот и Уставот. Што се однесува до реконструкција на Владата сега засега таква најава нема од страна на мандатарот, тоа е негово право. Инаку, сите оние претходни субјективни изјави коишто беа дадени од страна на одредени мои колеги, градоначалници, лидери или претставници на некои коалициски партнери ги сведувам на ниво на дневна политика и собирање на евтини политички поени. Јас како претседател на ЗНАМ сум задоволен од работата на ресорниот министер Филков и тој ја ужива комплетно мојата поддршка – изјави Димитриевски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45732
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно да стигне до 30 степени

22/09/2026

По сегашното заладување, летото би можело уште еднаш да се врати во Македонија пред календарот да влезе во октомври. Новите

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy