Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!
Македонија

На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!

24/02/2026

AA

Министерството за здравство одзеде лиценци за одгледување канабис за медицински цели на шест компании, по спроведени контроли во кои биле утврдени низа неправилности.

На прес-конференција во Владата, министерот за здравство Азир Алиу информираше дека одлуките се донесени врз основа на наодите од инспекциските надзори.

Лиценците им се одземени на „Алфафам“, „Грин лајф“, „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“. Според министерот, кај дел од нив биле констатирани несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до надлежната Комисија, како и недоставување целосна документација за продажба и трансфер.

Алиу посочи дека досега биле извршени контроли во 13 правни субјекти, но најави дека инспекциски надзор ќе се спроведе кај сите 43 компании кои имаат лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

Воедно, тој најави и ново законско решение, откако биле детектирани пропусти во постојната регулатива кои, како што рече, оставаат простор за злоупотреби.

„Ќе имаме ново законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ директивите и ќе ги надмине слабостите што ги утврдивме на терен“, изјави Алиу, додавајќи дека измените ќе бидат подготвени по завршување на сите контроли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44680
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026

Состојбата со епидемијата во Гостивар покажува знаци на стабилизација, откако по достигнатиот пик во средината на јули бројот на пациенти

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални вработувања и развој на регионот

27/07/2026

Шпанија е чекор поблиску до повторно активирање на рудникот „Пенута“, кој повеќе од четири децении беше надвор од употреба. Со

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и автомобил

27/07/2026

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на Струмица, кој е осомничен дека предизвикал пожари на трактор и патничко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy