Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Напад врз Јемен, најмалку 38 лица загинаа
Македонија

Напад врз Јемен, најмалку 38 лица загинаа

18/04/2025

AA

Најмалку 38 лица загинаа, а 102 се ранети во американски напад врз пристаништето Рас Иса во Јемен, објавија медиумите под контрола на јеменските бунтовници, движењето Хути.

Телевизијата Ал Масира јави дека нападот на западното пристаниште за гориво Рас Иса се случил вчера.

Централната команда на американската војска соопшти дека целта на нападот била да се прекине снабдувањето со гориво на Хутите, пренесе Ројтерс.

Соединетите држави соопштија дека нема да ги прекинат нападите врз цели во Јемен додека Хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември 2023 година, тврдејќи дека цели на бродови поврзани со Израел во знак на протест против војната во Појасот Газа.

Хутите ги прекинаа нападите врз бродови за време на двомесечниот прекин на огнот во Појасот Газа, кој започна на 19 јануари.

Од 18 март Израел ги обнови нападите врз Појасот Газа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драматично попладне во Штип: Огнот евакуираше фабрика, изгоре фотоволтаична централа

03/07/2026
Македонија

Борба со огнената стихија во Пробиштипско: Со механизација се спречува

03/07/2026
Македонија

Жолт метеоаларм: Невреме со грмежи и пороен дожд во три

03/07/2026
Македонија

Три лица ќе се гонат за насилство врз дете за

03/07/2026
Македонија

Собраниска седница за реконструкција на Владата закажана за 13 јули

03/07/2026
Македонија

Драматично во Штип: Евакуирани вработени поради трет голем пожар, „Ер

03/07/2026
Македонија

Алармантен бран врсничко насилство во Скопје: Пријавени уште два нови

03/07/2026
Македонија

Осуденик од Кичево ставен под електронски надзор – казната затвор

03/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Иран негираше напад врз Израел по почетокот на прекинот на огнот

24/06/2025

Иранската државна телевизија денес негираше дека земјата испалила ракети кон Израел само неколку часа откако договореното примирје требало да стапи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy