Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМЕРНО ЗАСТАРУВАЛЕ ДОЛГОВИ ЗА ВОДА, КОМУНАЛНИ УСЛУГИ, КИРИИ… Кривична пријава за екс-директор на делчевски „Комуналец“ и негови соработници
Македонија

НАМЕРНО ЗАСТАРУВАЛЕ ДОЛГОВИ ЗА ВОДА, КОМУНАЛНИ УСЛУГИ, КИРИИ… Кривична пријава за екс-директор на делчевски „Комуналец“ и негови соработници

15/12/2025

AA

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот С.С., во својство на директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што не иницирал и не дал налог за изготвување тужби за парични побарувања од физички и правни лица по основ на користени услуги, потрошена вода, подигнат смет и закуп на простории од ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради што настапила застареност на паричните побарувања, со што претпријатието било оневозможено да изврши нивна наплата.

Второпријавениот М.К., во својство на раководител на Секторот за општи, правни и финансиски работи, а подоцна и на Секторот за општи и правни работи во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, иако бил должен, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и редовно не доставувал предлози за поведување постапки за присилна наплата на ненаплатените побарувања до директорот на претпријатието.

Со горенаведените дејствија причинета е штета на Буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во вкупен износ од 7.588.894 денари.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски ја започнува реконструкцијата на Владата: „Кој е уморен, нека

18/06/2026
Македонија

Филипче: Паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни, растат само

18/06/2026
Македонија

Јаневска: Децата најчесто ги носат моделите на однесување од дома

18/06/2026
Македонија

Акција поврзана со ФФМ: ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција

18/06/2026
Македонија

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските

18/06/2026
Македонија

МВР со алармантни податоци: Зголемено семејното и врсничкото насилство кај

18/06/2026
Македонија

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај

16/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски ја започнува реконструкцијата на Владата: „Кој е уморен, нека си замине чесно“

18/06/2026

Премиерот започнува активности за реконструкција на Владата, откако најави дека во наредниот период ќе се прави анализа на работата на

Филипче: Паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни, растат само долговите!

18/06/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека по две години од Владата на ВМРО, резултатите се поразителни

Јаневска: Децата најчесто ги носат моделите на однесување од дома

18/06/2026

Образовниот систем ќе добие нов механизам за рано препознавање и спречување на семејното и врсничкото насилство преку нов проект кој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy