Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Належните со апел: Да не се пали оган на отворено, пожарите се голема опасност за националниот парк Шар Планина
Македонија

Належните со апел: Да не се пали оган на отворено, пожарите се голема опасност за националниот парк Шар Планина

22/02/2023

AA

Институциите од Тетово со апели до граѓаните да не се пали оган на отворено за да се избегнат пожари, а особено на подрачјата на националниот парк Шар Планина. Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово велат дека деновиве со зголемување на температурите се евидентираат и пожари на отворени простори каде за жал во најголем број случаи причина е човечки фактор.

-Апелираме до граѓаните на Општина Тетово и другите рурални општини кои гравитираат кон општината, да бидат максимално внимателни во овој временски период, имајќи ги предвид штетите кои можат да бидат предизвикани од појавата на пожари во природата и во објектите. Апелираме и до земјоделците и до излетниците на отворено да не палат оган и да не фрлаат цигари, бидејќи мала искра може да предизвика голема катастрофа. Исто така, апелираме да бидете многу внимателни што се фрлат во контејнерите за да се избегнат пожари, порача Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Неделава од ЈП Национален парк Шар Планина информираа дека изминатите неколку дена во атарите на селата во склоп на паркот биле регистрирани неколку пожари, најчесто поради палење на стрништа и плевели

– На територија на Национален парк Шар Планина е строго забрането палање на стрништата, плевели и други одпадоци. Како потсетување за оваа недозволена активност поставува табли, а против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака чуварската служба на ЈУ Национален Парк Шар Планина ќе превземе мерки согласно закон, порачаа од оваа јавна установа.

Од таму потсетуваат дека казната за ваква активност изнесува од 6.000 до 8.000 евра за правни лица, а од 1.500 до 3.000 евра за физичко лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy