Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николов: По две недели криење разбравме дека има крах на здравствениот систем, затоа потребно е надлежните да преземат одговорност
Македонија

Николов: По две недели криење разбравме дека има крах на здравствениот систем, затоа потребно е надлежните да преземат одговорност

22/02/2023

AA

Ни се случи колапс на здравствениот систем, а тој систем е составен од три столба и тоа приматели на здравствени услуги тоа се осигурениците, даватели на здравствени услуги и здравствените работници и фондот за здравствено осигурување каде со парите на осигурениците ги покрива потребите а целиот систем, изјави Претседателот на комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на Денот“.

„После две недели криење на состојбата разбравме дека има крах на здравствениот систем каде една трудница не може да добие лекови и таа треба да чека или потпишува формулари документи и потоа да праќа мејл во фондот па тој да врати и се вративме на рачно работење односно се вративме на пишување“, рече Николов.

Николов посочи дека како втора работа не само една трудница, туку сите оние кои требаше да добијат боледување сите тие пациенти беа блокирани во целиот систем.

Тој додаде дека дополнително здравствените работници беа блокирани од целиот систем и со чиста совест тој може да каже дека ова беше работ на целосна блокада на здравствениот систем.

„За тоа мора да постои одговорност, заради тоа што нервозата на пациентите не ја чувствуваат во фондот бидејќи таму видовме дека новинар тешко пристапува. Нервозата на пациентите е кога недостасува лек и осигурување а ја чувствуваме ние здравствените работници во амублантите“, вели Николов.

Тој додаде дека вакво едно ноншалантно и бахато однесување со една потврда дека Директорот имал решение за одмор кој тој сам си го издава е навистина чудно и смешно.

„Заради тоа повикувам да си преземат одговорност надлежните бидејќи видовме дека Директорката и Директорот на Фондот немаат никакво основно елементарно чувство за пружање на здравствени услуги особено за итноста на здравствените услуги и тука би повикал не само тие да си поднесат оставка туку и тие што ги назначиле, а бидејќи немаме одговорен министер за здравство тоа треба да го преземат одговорните во Владата дури и премиерот Ковачевски“, дециден е Николов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14 пратеници напишале 10

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
Македонија

Вработените во секторот за игри на среќа најавуваат протести и

29/06/2026
Македонија

Растат производствените цени во индустријата – економистите предупредуваат на можни

29/06/2026
Македонија

Земјоделците алармираат: Нискиот род и откупните цени ја загрозуваат жетвата

29/06/2026
Македонија

Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа: Нови

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14 пратеници напишале 10 илјади амандмани за блокирање на

29/06/2026

„Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни“, вака напиша попладнево пратседателот на

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието ги усвои измените на Законот

29/06/2026

Македонските компании од 1 јули ќе плаќаат пониски царини за увоз на 70 суровини и репроматеријали, откако Собранието денеска ги

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се унапредува системот за органодарителство

29/06/2026

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy