Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ СКОПЈАНИ ЧЕКААТ РАБОТА ОД ПЕТ ДО СЕДУМ ГОДИНИ – долгорочната невработеност и натаму не е проблем за потценување
Економија

НАД ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ СКОПЈАНИ ЧЕКААТ РАБОТА ОД ПЕТ ДО СЕДУМ ГОДИНИ – долгорочната невработеност и натаму не е проблем за потценување

10/07/2024

AA

Бројот на
невработени лица во земјава и натаму се намалува, а најновите бројки за мај говорат
дека на крајот на тој месец работа активно бараат 102.523 лица, што за еден
месец е ново намалување за 1.244 лица.

Дека бројот на
невработени во земјава се намалува и веќе не е некоја вест, особено во мај, а
веројатно тоа уште повеќе ќе следува во летните месеци, пред се поради големата
побарувачка на работна сила во Хрватска, главно во угостителскиот сектор, за што веќе пишуваше Фактор. Исто така, интересен податок за нас е фактот што иако
Хрватска е многу поголема држава од нашата, таму активно бараат работа помалку
граѓани, односно околу 96 илјади. Тоа е поради големата потреба за работници пред се во угостителскиот сектор, кој треба да ги задоволи потребите на бројните туристи. 

Но, она со што
овде сакаме да се позанимаваме, е дека и покрај тоа што во земјава се бараат
работници, сеуште има луѓе кои долг период бараат работа.

Агенцијата за
вработување издава статистички преглед за тоа колку луѓе колкав период
бараат работа, односно колкав е периодот на чекање за нивно вработување.

Па така, ако
вкупно имаме 102.523 невработени, интересно е да забележиме дека најмногу се
оние кои најдолго чекаат вработување, односно период од пет до седум години.

Односно, дури
17.462 лица чекаат работа од пет до седум години, говорат податоците на
Агенцијата. Од нив, пак, поголемиот број се жени, односно над 10 илјади наши
сограѓанки, и по пет до седум години не можат да го добијат посакуваното
вработување.

А, има и такви
што чекаат работа осум и повеќе години, и тие се еден позначаен број, односно
13.173 лица, но од нив помал дел се жени, и тоа 4.386 граѓанки.

Најмал е бројот
на оние кои чекаат работа по еден месец, што е релативно краток период, и такви
се 3.252 лица.

Затоа пак многу
повеќе луѓе чекаат работа од еден до пет месеци, и во таа категорија влегле
16.320 граѓани. Додека, пак, 9.248 лица чекаат работа од 6 до 11 месеци. Имаме
7.825 лица ко чекаат работа две години, а три години се на Агенција 12.203 лица
кои активно бараат работа. Точно 10.528 наши сограѓани чекаат дури четири
години на своето вработување.

Најмногу
невработени секако дека има во главниот град, поради големиот број жители,
иако, пак, од друга страна, во метрополата се и најголеми шансите за
вработување.

Вкупно 20.892
скопјани активно бараат работа, а од нив жени се 11.164 наши сограѓанки.

Во Скопје 4.376
граѓани чекаат вработување од пет до седум години, додека, пак, осум и повеќе
години чекаат да се вработат 1.783 жители на главниот град.

За тоа колку наши сограѓани од другите градови чекаат вработување, може да се види на следниов линк. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy