Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355 тони храна и казни од 618.000 евра
Македонија

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355 тони храна и казни од 618.000 евра

25/01/2026

AA

Над 125 илјади инспекциски контроли биле спроведени минатата година во областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Контролите ги спровеле официјалните ветеринари и инспекторите за храна и опфатиле домашно производство и промет, дистрибуција, угостителски објекти, како и увоз и извоз на храна и добиточна храна. Посебен фокус бил ставен на почитувањето на добрата хигиенска и производствена пракса, НАССР системот за безбедност на храната, правилното означување на производите и здравствената заштита на животните.

Од АХВ велат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик.

– Објектите со повисок ризик беа контролирани почесто, со цел навремено откривање и спречување на можни опасности по здравјето на граѓаните – наведуваат од Агенцијата.

Само во внатрешниот промет, во текот на 2025 година биле реализирани 47.200 инспекциски контроли, во рамки на редовни и вонредни надзори. Притоа биле издадени 5.406 решенија, изречени 1.073 прекршочни платни налози, а поднесени се и 10 прекршочни и 8 кривични пријави, сите поврзани со здравствената заштита и благосостојбата на животните.

Вкупната вредност на изречените казни изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност.

Во рамки на контролите, инспекторите одзеле и нештетно уништиле 355.377 килограми небезбедна храна, меѓу кои месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца, риба, јаткасти плодови, кондиторски производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалаци.

– Одземањето и уништувањето на небезбедната храна е една од клучните мерки за заштита на здравјето на потрошувачите – нагласуваат од АХВ.

Покрај домашниот пазар, спроведени биле и 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, со храна од животинско и неживотинско потекло, материјали што доаѓаат во контакт со храна, добиточна храна и живи животни.

Како небезбедни биле уништени осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, додека една пратка била вратена во земјата извозник.

Дополнително, уништени биле три пратки со храна од животинско потекло со вкупна количина од 22.061 килограм, а 16 пратки биле вратени како небезбедни.

Од Агенцијата порачуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се обезбеди безбедна храна и повисоко ниво на заштита на здравјето на граѓаните.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy