Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ Славјанка Петровска предложила политички ветинг и за членовите на раководството на СДСМ
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ Славјанка Петровска предложила политички ветинг и за членовите на раководството на СДСМ

24/01/2026

AA

Ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме, порача пратеничката Славјанка Петровска по завршувањето на 31 Конгрес на СДСМ на социјалните мрежи.

Таа информираше дека на Конгресот се отвориле тешки но неопходни прашања за иднината на партијата.

„Не беше лесно да се зборува по два тешки изборни пораза. Не е лесно, но е обврска на секој социјалдемократ. Последниот изборен пораз е катастрофален, а воедно е и резултат на: отсуството на дискусии за изборните порази во 2024 и во 2021, како и недоволната анализа на резултатот од 2020 година. Не смееме повторно да ја направиме истата грешка“, напиша Петровска.

Таа соопшти дека предложила статутарна измена со која претседателите на општинските организации ќе се избираат непосредно од членството, а не како досега да ги назначува претседателот на партијата. Таа смета дека со тоа се враќа моќта на одлучување кај членовите.

„Порачав дека критичката мисла е суштинска одлика на социјалдемократијата. Но, за да ја расчистиме секоја дилема: кој критикува и од кои побуди предложив политички ветинг за сите сегашни и поранешни носители на функции и за членовите на раководството со цел да не ни се повторуваат непристојни јавни објави ‘едни против други’“, додаде Петровска.

Таа е уверена дека со добра стратегија и јасно дејствување секој проблем станува предизвик, а секој предизвик – победа.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy