Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нацевска: Приближувањето на европските компании кон регионот, поголем економски раст и интеграција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ
Економија

Нацевска: Приближувањето на европските компании кон регионот, поголем економски раст и интеграција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

09/09/2023

AA

Вицегувернерката Емилија Нацевска заедно со професорката Паула Субачи (Paola Subacchi) од Универзитетот Квин Мериво Лондон и истражувачот Џан Ферети (Gian Ferretti) од Брукингс центарот за макроекономски истражувања (англ. Brookings Institution) учествуваше на панелот „Подвојување на глобалниот финансиски систем – импликации за трговијата, капиталните текови и девизните курсеви” којшто беше дел од дискусиите на симпозиумот на високо ниво во организација на централната банка на Ерменија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс. 

Зголемените геополитички тензии креираат ризици од фрагментација на глобалната економија и претставуваат сериозна закана за сите досегашни придобивки од високата меѓусебна поврзаност и зависност на глобалниот економски систем, што може да доведе до сериозни импликации и загуби во светската економија. Геополитичките настани во последните неколку години ја поттикнуваат фрагментацијата и во инфраструктурата за извршување на меѓународните плаќања, што дополнително може да влијае на трговските и капиталните меѓузависности на земјите и регионите и со тоа повратно да ја засили економската фрагментација.

Во својата дискусија, вицегувернерката Нацевска посочи дека неповолните ефекти од гео-економската фрагментација особено би се почувствувале кај малите и отворени економии, како нашата, чијшто потенцијал за раст во голема мера е условен од вклученоста во меѓународните текови на стоки, услуги и капитал. Таа истакна дека македонската и економиите на земјите од Западен Балкан веќе се соочуваат со послаба динамика на раст и конвергенција кон земјите од ЕУ, како последица на забавената глобализација по појавата на светската финансиска криза. Оттаму, за да се задржи и поттикне растот во услови назголемени ризици од де-глобализацијата се потребни навремени и добро осмислени мерки со кои би се искористиле придобивките од промените кај мултинационалните компании предизвикани од гео-економските поместувања и би овозможиле вклучување на домашните производствени капацитети во глобалните синџири на снабдување. Во овој контекст, за нашата земја е значајно искористувањето на можностите од процесот на преместување на производството на европските мултинационални компании од сегашните подалечни на поблиски и помалку ризични локации (т.н. nearshoring), што ќе овозможи и поголема интеграција со земјите од ЕУ. Според анализите на ММФ, поголемата интеграција на земјите од регионот на Западен Балкан во глобалните синџири на снабдување може да го подигне нивото на БДП од 3% до 10%.

Подвлекувајќи го значењето на платежната инфраструктура за трговската и финансиската интеграција, вицегувернерката Нацевска истакна дека земјите од Западен Балкан интензивно работат на создавање предуслови за меѓусебна интеграција на домашните платежни системи и нивна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ. Во таа насока, земјите од регионот  активно се подготвуваат  за пристапување кон Единствената европска платежна област (англ. SEPA-Single Euro Payment Area). Со прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА се очекува да се подобри ефикасноста, да се намалат трошоците и да се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од границите на домашната економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy