Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Груби да одговори дали е точно дека тесното раководство на СДСМ и ДУИ побара помош од Будимпешта, а за помошта е побарано закон за “амнестија”
Македонија

Димитриевски: Груби да одговори дали е точно дека тесното раководство на СДСМ и ДУИ побара помош од Будимпешта, а за помошта е побарано закон за “амнестија”

09/09/2023

AA

“Изненадувачка е паничната реакција на г-динот Груби изминатите два дена. Вокабуларот кој што го употребува личи на заканувачка реторика од улица. И тоа не ме чуди. Ако внимателно ја проследите изјавата  на Г-динот Груби тој вели, цитирам: ,,ПОСОЧЕНОТО ЛИЦЕ,,  и дека темата на разговори во Будимпешта биле ,,ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОН,, Јас никаде во моите прашања до г-динот Груби не споменав ниту лице, ниту тема на разговори!? АМА КОГА НЕКОЈ СИ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА, ПОТСВЕСНО СИ ДАВА ОДГОВОРИ. Јас сум му благодарен за тоа. Тој должи одговор на јавноста не на мене? Би го замолил да биде попрецизен и да даде одговор. На кое посочено лице мисли? И која е темата на разговори со посоченото лице?!”, напиша градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски по реакцијата на вицепремиерот Груби, овој пат упатувајќи неколку директни прашања кои се однесуваат на средбата во Будимпешта претходно договорена помеѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ.

 

Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде г-динот Груби? Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за “амнестија” (актуелните измени на членовите во КЗ) и обезбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени, прашува Димитриевски.

 

Градоначалникот Димитриевски пред два дена упати јавно прашање до Артан Груби барајќи јавно да одговори дали и кои се причините за посетата на Будимпешта. Груби по оваа изјава јавно го нападна градоначалникот дека дрско лаже, на што Димитриевски во денешната реакција му порача дека таквите изјави не му палат и не поминуваат ниту пак можат да го заплашат градоначалникот Димитриевски.

 

“Колку ме служи меморијата г-динот Груби заплива во политичките води како резултат на насилие меѓу две навивачки групи. Кариерата ја започна како организатор на рушење на започнатата музеј црква на Кале. Продолжи заедно со своите компањони со демолирањето  на салата на новиот театар во Скопје, а денес е познат како човек кој го води најсомнително коруптивниот проект во државата и за надзор на круцијален капитален проект кој вреди неколку милијарди долари, избрана е фирма која е производител или тргува со долен веш. Патем, му ја палат приватната кола во која се вози, а не е на негово име?! За местото на одржување на средбата меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ, и темите на истата, во некоја друга прилика. А пред да ми одговори на поставените прашања, го молам Г-динот Груби да престане со играње фудбал и партиските журки за соло пеење на неговиот шеф во неговиот кабинет, да се смири, да се концентрира, да размисли, и потоа да даде овој пат искрени одговори бидејќи ние му ја плаќаме и платата а и кабинетот како даночни обврзници”, дополни Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy