
Набавката на „Трикафта“ ја спореди со шлаг на торта: Меџити ќе бира нова директорка на Детската клиника, Фуштиќ оди во пензија!
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на прес конференција најави дека деновиве ќе назначи нов директор на Клиниката за детски болести.
Тој вели дека досегашната директорка Стојка Нацева – Фуштиќ, заминува во пензија.
Набавката на лекот „трикафта“, од Детската клиника, министерот Меџити ја спореди со шлаг на торта пред пензионирањето на директорката.
„Директорката и милата професорка Фуштиќ подобро пензионирање од ова нема да може да има. Шлаг на торта, навистина. Благодарам за се што дадовте од себе и за ова време што работевме заедно. Навистина сите сме многу благодарни. Професорката ќе продолжи да биде консултант ако му е потребно на новиот менаџмент што ќе биде на Детска клиника. Ние сме тука да го искористиме секогаш искуството на вакви наши вредни професори како професор Докиќ и професорката Фуштиќ. Деновиве ќе одлучиме и ќе соопштиме кој ќе ја наследи“, рече министерот Меџити на денешната прес-конференција за обезбедениот лек „трикафта“ за наредните два- три месеци како и за обезбедениот буџет за набавка на лекот за следните две години.
