Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ало АРМ“ по НАТО стандарди! Колку фиксни телефони АРМ си купи за  половина милион евра?
Економија

„Ало АРМ“ по НАТО стандарди! Колку фиксни телефони АРМ си купи за половина милион евра?

21/12/2023

AA

АРМ и Министерството за одбрана ќе се опремат со 2.000 нови фиксни телефони од американскиот производител „Циско системи“. Од нив 200 телефонски апарати се за видео-аудио врска и уште 1.800 телефони се класични фиксни телефони за гласовна комуникација. Вкупната вредност на целата набавка со се централи и додатни елементи е 1,5 милиони евра со вклучен ДДВ

Македонското Министерство за одбана ќе набави 2.000 фиксни телефони за кои од државниот буџет ќе плати над половина милион евра. Станува збор за нов тендер кој го доби скопската фирма „Телелинк бизнис сервисис“ која треба да набави инсталира и стави во функција нова централа за потребите на Министерството за одбрана и за АРМ.

Според договорот за набавка на опремата достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/a777da1e-9cdf-4644-97bc-ce4d1f9ac4af ќе бидат набавени: видео/аудио телефонски централи со лиценца, конференциски системи, медиа гетвеј системи, персонални видео конференциски уреди, телефони, блу-тут слушалки, видео-аудио телефонски уреди.

Согласно со потребите на АРМ, на Генераштабот и на ресорното министерство дел од новата телефонска опрема ќе биде за заштитена телефонска мрежа, а дел за некласифицирана телефонска мрежа.

Вкупната вредност на целата набавка на телефонските централи за потребите на армијата и министерството за одбрана надминува 1,5 милиони евра со вклучен ДДВ.

Комплетната опрема за телефонска мрежа е од глобално познатиот производител – американската корпорација „Циско системи“. Ова е очекувано и затоа што Македонија е дел од НАТО пактот па опремата за овој ресор треба да ги исплнува страндардите пропишани од безбедносната организација.

Од телефоните на „Циско“ кои се најголема ставка во набавката дел ќе бидат со видео и аудио врска, а дел само со аудио врска. Вкупно ќе бидат набавени 2.000 телефонски апарати за потребите на министерството и армијата. Од нив 200 телефони се со видео и аудио врска и тие чинт вкупно 100.000 евра. Другите 1.800 телефони од овој модел https://www.cisco.com/c/en/us/products/collaboration-endpoints/unified-ip-phone-7841/index.html  се само со аудио фиксни телефони и нивната вредност е 413.000 евра.

На тендерот за армијата имало две понуди. А добитникот „Телелинк Бизнис сервисис“ дал групна понуда во која настапил заедно со „Латрон Солушнс“ од Скопје.

Фирмата што е носител на групната набавка за потребите на армијата лани годината ја завршила со приходи од 1,65 милиони евра. „Телелинк Бизнис сервисис“ лани вработувала 10 лица и годинаа ја завршила со загуба од 188.000 евра.

Оваа скопска фирма е во сопственост на бугарското акционерско друштво „Телелинк Бизнис сервисис груп“ со седиште во Софија.

Р.Ф.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy