Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најубавите македонски песни со волшебниот глас на Андријана Јаневска и Митан проект  пред кривопаланчани
Магазин

Најубавите македонски песни со волшебниот глас на Андријана Јаневска и Митан проект пред кривопаланчани

05/07/2024

AA

Елено ќерко, Битола, мој роден крај, Со маки сум се родила, Заветна , Дафино вино црвено, Ваташа и многу други антологиски песни  од албумот „Македонски рози“ги допреа срцата на бројните кривопаланчани кои синоќа присуствуваа на целовечерниот концерт на Митан проект со Андријана Јаневска на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

 Најубавите македонски песни беа донесени на посебен начин со виртуозната изведба на врвните музичари и волшебниот глас на единствената Адријана Јаневска, кои приредија концертна вечер за паметење.

„Многу сум среќна што вечерва одржавме овде концерт, затоа што Крива Паланка докажа дека навистина е Град на културата. Многу се радувам што Митан проект настапи вечерва овде, што бевме дел од вашето културно лето, се надеваме дека и во иднина ќе бидеме ваши гости и само така да продолжите, бидејќи културата е најважното кај еден народ“, им порача извонредната Јаневска на кривопаланчани.

Основачот на Митан поект,  Мите Димовски-Митан, го изрази своето задоволство од успешниот настан и најави нови изненадувања со претстојниот материјал на проектот.

„За првпат сме во Крива Паланка и баш убаво  е што како Град на културата го одбележувате  со одлична програма. Ни беше чест што настапивме и се заблагодаруваме на општината и организаторите за оваа прекрасна вечер која  остави спомени и за нас, и за публиката.  Митан проект е проект кој го работиме долги години, сега се враќаме на концертните сцени , се надевам успешно и со нов материјал кој претстои“, рече Мите Димовски-Митан. 

Андријана Јаневска и Митан ја поддржаа кампањата „ Концертен клавир за Крива Паланка“ што се реализира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“

„ Се надевам дека спонзорите ќе имаат слух заради тоа  што навистина тој концертен клавир ќе придонесе Крива Паланка и понтаму да аплицира  и за следните години да биде Град на културата,  бидејќи од срце мислам дека  ова го заслужувате“, порача Јаневска.

Концертот беше дел од Кривопаланечко културно лето и богатата програма на „Градот на културата“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46777
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од

15/11/2026

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на 35 и 24 години биле

15/11/2026

Две жени од Скопје на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“ Ива Михаилова по објавените разговори

15/11/2026

Ива Михаилова, девојката од Македонија која побегна во Бугарија за да избегне судење, се огласи со објава на Фејсбук, откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy