Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алкараз се намачи за осминафинале на Вимблдон – му требаа пет сета и тоа со пресврт!
Спорт

Алкараз се намачи за осминафинале на Вимблдон – му требаа пет сета и тоа со пресврт!

05/07/2024

AA

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, неочекувано пролеа многу пот за да се пласира во осминафиналето на Вимблдон, откако му требаа дури пет сета за да го совлада Френсис Тиафо (5-7, 6-2, 4-6, 7-6, 6-2).

Американецот одигра фантастично, од сите страни вршеше притисок врз фаворитот, кој долго време не можеше да ја најде својата игра. Ниту тоа што Алкараз прв направи брејк во првиот сет и поведе со 4-2 не влијаеше психолошки на Тиафо, кој до крајот на овој дел од играта направи серија од 5-1 што значеше стартно водство. Следувеше брза реакција на Карлитос во вториот сет, кој беше убедливо негов најдобар период на игра на натпреварот. Тиафо повторно беше подобар во третиот сет, откако можеше да направи брејк прво во првиот гем, потоа во третиот, а кога ниту во тоа не успеа – го направи во седмиот, кога имаше две брејк топки. Тоа му беше апсолутно доволно за водство од 2-1 во сетови, бидејќи Алкараз никако не можеше да му го одземе сервисот.

Четвртиот сет беше толку изедначен што до тајбрејкот немаше ниту една брејк топка. А, во 13-иот гем се случи целосен крах на Американецот, кому ништо не му поаѓаше од рака, додека Шпанецот редеше поени и брзо стигна до 5-0. Ова водство му донесе можност за лесна егзекуција и шанса за решавачки петти сет. А, во него немаше дилема, бидејќи Алкараз докажа зошто важи за „крал“ на петти сетови. Успеа двапати да го одземе сервисот на Тиафу, прво за 2-1, а потоа и за 4-1, по што едноставно немаше дилема околу крајниот исход.

Алкараз во следното коло Алкараз ќе ги одмери силите со победникот од мечот помеѓу Иго Амбер и Брендон Накашима.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46777
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од

15/11/2026

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на 35 и 24 години биле

15/11/2026

Две жени од Скопје на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“ Ива Михаилова по објавените разговори

15/11/2026

Ива Михаилова, девојката од Македонија која побегна во Бугарија за да избегне судење, се огласи со објава на Фејсбук, откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy