
НАЈТАЖНИТЕ СЛИКИ ПРЕД УЧИЛИШТЕТО Мајка на едно од убиените девојчиња скршена од болка и во солзи
Мајката на една од жртвите на Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осуммина свои врсници и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“, денеска дошла пред училиштето во кое се пукало и во солзи го повикала своето дете.
Како што јавува „Блиц.рс“ од местото на настанот, мајката е скршена од болка, плаче и лелека пред училиштето.
Во еден момент таа се јави на телефон и само рече: „Нема да го издржам ова, ја изгубив ќерка ми“.
Таа стоела пред училиштетот цела облеана во солзи и ги гледаше цвеќињата, а наеднаш и се слошило и седнала на тротоарот.
Фотографиите од неутешната мајка на овој линк.
Синоќа илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ужице… прочитајте повеќе во нашите специјални вести.
Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
