Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе сликаат мурал со мировна порака
Македонија

Млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе сликаат мурал со мировна порака

04/05/2023

AA

Дваесет и еден млади уметници од Франција, Германија и од Северна Македонија се дел од проектот на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово насловен „Оставете нè во мир!“, кој има за цел зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите од трите земји, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.

Проектот се оствраува од 1 до 7 мај со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, наша иднина“ и во чест на 60-та годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор.

Младите, по седум од секоја од трите земји, под менторство на тројца реномирани уметници – Французинката Ема Попи, Германецот Дамјан Ив Род и Украинката Марина Сорокина – Сомари, изминатите два дена поминаа обука за сликање мурал. Обуката се одржа на 2 и 3 мај во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, во присуство на средношколци од гимназијата.

Младите креативци денеска и утре ќе работат на муралот во Градскиот парк во Скопје (веднаш до ноќниот клуб „Pure”, наспроти главниот влез на поранешниот Луна парк).

-Тие заедно ќе го осмислат муралот со пораки за мир во Украина и во светот, а пораката за мир треба да одекне широко до сите граѓани, до љубителите на уметноста и до младите, наведуваат организаторите.

Воедно, денеска, во 16:00 часот, во Europe House, ќе биде организирана и дебата на идеи „Европа е нашата иднина“, на која ќе земат учество млади уметници и домашни експерти, а ќе разговараат за актуелните предизвици пред кои се наоѓа Европската Унија, како и за иднината на Балканот. Дебатата се одржува во знакот на 60 години од Елисејскиот договор.

Уште еден помал мурал ќе биде изведен во општина Тетово со цел, како што се наведува, потсетување дека европската интеграција е единствената иднина за младите.

Муралот треба да биде завршен утре, а ќе биде одбележан со изјави на носителите на проектот директорите на Францускиот институт во Скопје и Гете институтот.

По завршувањето на проектот, ќе има видео запис којшто ќе биде споделен на социјалните мрежи. Ќе биде реализирана и изложба на фотографии на голем формат, која ќе биде прикажана во повеќе градови во Северна Македонија, а ќе го носи насловот „Младите за мир“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy