Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најтажна Духовденска Задушница во Кочани – сеќавање, тишина и жед за правда!
Македонија

Најтажна Духовденска Задушница во Кочани – сеќавање, тишина и жед за правда!

07/06/2025

AA

Кочани денеска ја одбележува најтажната Духовденска Задушница. Три месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ каде настрадаа 62 млади животи, градот се подготвува за денови на тишина, молитви и солзи.

Во заедничката алеја на градските гробишта, каде што почиваат триесетина од трагично загинатите, роднините положуваат цвеќе, палат свеќи, се носи храна и се остават омилените предмети кои се неми сведоштва на прерано прекинати животи.

Црквата „Св. Георгиј“ одржува посебна служба, а распоредот е приспособен поради големата посетеност.

Додека на гробиштата ќе се раздава храна и вода според обичаите, најголемата жед – онаа за вистината – останува незаситена.

Веќе три месеци, институциите како да тапкаат во место. Роднините на загинатите велат дека од првичните 73 осомничени, истрагата е сведена на 46. Според нив, судот рутински ги пушта од притвор.

Тие и понатаму секоја сабота го одржуваат „Маршот на ангелите“ – преку кој бараат одговори, одговорност, и крај на институционалната тишина.

ФЗОМ информираше дека 12 повредени сè уште се лекуваат во државава, додека 7 се надвор, а СЗО и Црвениот крст прикажуваат суми на исплатена помош.

Но, болницата во Кочани, според опозицијата, и натаму работи со донации.

„Дури и физикалната терапија се врши на донирани маси“, велат од СДСМ, обвинувајќи за цинизам во односот кон жртвите и преживеаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy