
Најстудено во Скопје и Берово – во Демир Капија дури 11 степени!
Утрово најстудено е во Скопје и во Берово каде се измерени 0 степени, а најтопло е во Демир Капија каде има 11 степени.
По нив следуваат 2 степени Струмица, 3 во Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Претор, Лазарополе, 4 во Маврови Анови, Попова Шапка, Тетово, 5 во Велес, Штип, Кавадарци Прилеп, 6 во Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 8 во Виница.
Променливо облачно и топло. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правецМаксималната температура ќе достигне до 23 степени.

